Достапни линкови

Протести на ирачките христијани


Илјадници христијани протестираа во северниот дел на Ирак во христијанската област Хамданиџах, поради бомбашкиот напад врз автобус во неделата, во кој едно лице загина, а 80 се повредени. Жртвите од кои најмногу студенти и работници патувале до универзитетот во Мосул. Во ноември минатата година Хјуман рајтс воч предупреди дека малцинствата, меѓу кои и Христијаните, се колатерални жртви на конфликтот меѓу Арапите и Курдите, околу контролата на спорната покраина богата со нафта во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG