Достапни линкови

Во зедничките сеќавања на луѓето кои се современици на поранешната Југославија допопирна точка им се спомените за еден спокоен, мирен живот исполнет со економска сигурност и поголема можност за образование и работа за поголем број граѓани.

Тито меѓу генерацијата која е совремник на порaнешната држава Југославија најчесто останува како симбол за некои убави секавање на некои убави денови. Но се помал е кругот на луѓе што живеат од оваа приказна. Можеби зашто комунисти повеќе не постојат, барем не во Македонија
Знаете кој замерува најмногу? Тие што добија најмногу станаа друга партија и
затоа е тоа така.

„Ги нема фабриките, всушност, фабриките стојат, ги нема работниците.“
„Знаете кој замерува најмногу? Тие што добија најмногу станаа друга партија и затоа е тоа така.“

коментираат дел од граѓаните.

Сепак, во зедничките сеќавања на луѓето кои се современици на поранешната Југославија допопирна точка им се спомените за еден спокоен, мирен живот исполнет со економска сигурност и поголема можност за образование и работа за поголем број граѓани. Многу од сеќавањата потекнуваат и од времето на социјализмот во за
Можеби бевме со помалку материјални богатства, во смисол на коли, недвижен имот, но имавме комплетна слобода, за разлика од денес, се плашиме за утре, плати немаме.
оѓање кога беа воведувани рестрикции на струја и бонови за масло за јадење и прашок за перење. На оние кои се доволно возрасни да се сеќаваат на тоа време, но и доволно млади спомените им се убави можеби и затоа што се совпаѓаат со периодот на нивното детсво и младоста. Но понатаму истите не влијаат врз денеш1ницата што ја живееме.

„Јас сум современик на таа држава. Едно време прочитав дека 1956 – 1961 беше економски бум во светот, тоа ми остана во сеќавање.“
„Можеби бевме со помалку материјални богатства, во смисол на коли, недвижен имот, но имавме комплетна слобода, за разлика од денес, се плашиме за утре, плати немаме.“
„Спомените се убави, но не е тоа на што треба да се потпираме.“

Личните емоции за тоа време за многумина се убави но историската вредност се проценува според некои други параметри. Генерацијата која денес има-30 тина години и немала можност да го живее тоа време се уште слуша за него од родителите, но како за време чии придобивки бргу избледнеле.

„Па, и за Македонија и општо, се виде после 90 година, сите се почувствуваа повредени.“

Тито, сепак, во сеќавањата најмногу остана како еден харизматичен лидер, а дел од заедничките спомени освен што се врзуваат со едно општество во кое имало економска извесност се поврзуваат и со иделошките обележја на социјализмот, и приказните за важноста на работничката класа, за братството и единсотво, за одењето на екскурзија низ Југославија и патување низ светот само со пасош.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG