Достапни линкови

Спорот со Грција, најголема пречка за членство во НАТО


Aдмирал Марк Фитцџералд
Aдмирал Марк Фитцџералд

Спорот со името со Грција останува најголемата пречка за Македонија за влез на земјата во НАТО. Ова го изјави адмиралот Марк Фитцџералд по церемонијата за смена на командата на штабот на алијансата во Скопје, на која што досегашниот командант на штабот Валентин Гагашев од бугарската морнарица му ја предаде должноста на бригадирниот генерал Давид Хумар од словенечеката армија.

Фитџералд вели дека проблемот со името мора да биде решен за Македонија да ја оствари својата цел.
Мислам дека амбасадорите на НАТО ставија јасно до знаење, дека доколку се реши прашањето за името, патот на Македонија е во НАТО. Се надеваме дека ќе можеме да го надминеме
тоа прашање.

„Мислам дека амбасадорите на НАТО ставија јасно до знаење, дека доколку се реши прашањето за името, патот на Македонија е во НАТО. Се надеваме дека ќе можеме да го надминеме тоа прашање.“

Македонија покажа дека е силен партнер на НАТО со нејзината поддршка во мисиите. Патот е добро трасиран и земјата е исклучителен партнер на алијансата, вели бригадниот генерал Давид Хумар. Тој изрази надеж дека Македонија ќе стане членка на НАТО за време на неговата должност. На прашањето за спорот со името, Хумар со сличен став како Фитцџералд.

„Ова прашање не е воено прашање, туку политичко. Сигурен сум дека нашите колеги – политичарите, ќе направат се што е потребно да се реши. Ако е потребна помош во воениот дел ние ќе дадеме поддршка колку што е можно повеќе.
Ова прашање не е воено прашање, туку политичко. Сигурен сум дека нашите колеги – политичарите, ќе направат се што е потребно да се реши.


Министерот за одбрана Зоран Коњановски вели дека земјата и натаму ќе продолжи да работи на реформите во одбраната.

„Република Македонија сигурно чекори по патот на НАТО интеграциите и за тоа најдобро говорат реформите кои ги реализираме. Како држава, не заостануваме во ниту еден момент. Постојано работиме со исклучителна посветеност и оптимизам, цврсто уверени дека Република Македонија ќе го добие заслуженото.“

Во наредниот период Министерството за одбрана ќе работи на долгорочниот план за развој на одбраната, новата структура на Армијата на Македонија и на уште некои проекти и реформи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG