Достапни линкови

САД, Британија и Франција не го ислушаа Ахмадинеџад


За време на обраќањето на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад претставниците на САД, Британија и Франција ја напуштија салата во која се одржува конференцијата за ревизија на договорот за неразмножување на нуклеарното оружје. Државни функционери од 189 земји присуствуваат на средбата во Њујорк на која се ревидира декларацијата стара четириесетина години. Иран беше во центарот на вниманието пред официјалниот почеток на настанот. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон деновиве изјави дека иранскиот претседател нема да биде топло пречекан доколку целта на неговата посета е да ја брани нуклеарната програма на официјален Техеран, поради која западните земји лобираат за построги санкции против исламската република. Ахмадинеџад, пак, пред да отпатува за Њујорк, остро ја критикуваше агенцијата на Обединетите нации за нуклеарна енергија, тврдејки дека во изминативе 40 години на ниту една земја не и било дозволено да ја експлоатира нуклеарната енергија за производство на гориво.
XS
SM
MD
LG