Достапни линкови

Апел од ОН за кратење на нуклеарните арсенали


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска испрати апел до државите кои имаат нуклеаро оружје повторно да ја искажат посветеноста кон намалување на нивните арсенали. Бан денеска се обрати пред 189 претставници на држави кои учествуваат на конференцијата за ревизија на договорот за неразмножување на нуклеарното оружје. На состанокот свои обраќања ќе имаат и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад. Западните земји во изминатиов период зачестено лобираат за нови санкции на Обединетите нации против Иран, поради нуклеарната програма на официјален Техеран.
XS
SM
MD
LG