Достапни линкови

Застрелан маж кој грабнал дете во Кина


Полициски снајперисти застрелаа човек кој во заложништво држел дете во Пекинг, Кина денеска.Државната новинска агенција јави дека престаникот грабнал петгодишно девојче и се заканувал дека ќе ја повреди доколку полицијата не му помогне да се сретне со жена со која се запознал на интернет. Снајперистите го застрелале мажот откако, како што пишува во извештајот „обидот за разубедување бил неуспешен“. Во изминативе шест недели во кина се регистрирани пет напади врз деца.
XS
SM
MD
LG