Достапни линкови

Германската влада го одобри заемот за Грција


Германската влада денеска го одобри заемот за Грција во висина од 22,4 милијарди евра. Владата се надева дека Бундестагот во петок ќе даде одобрение за испраќање на најголемиот дел од пакетот за спас на Грчката економија. Пакетот помош го презентираа петнаесетте нации на Европската унија кои го користат еврото како заедничка валута. До сега најголемиот заем кој го понудија земјите членки на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд би требало да го спречи ширењето на грчката должничка криза во еврозоната.
XS
SM
MD
LG