Достапни линкови

Се трага по осомничен за автомобилот бомба во Њујорк


Њујоршката полиција трага по еден осомничен за инволвираност во поставувањето на автомобилот бомба на Тајмс Сквер, најпрометниот дел во центарот на градот. Полицискиот комесар Рејмонд Кели изјави дека полицијата трага по „маж во четириесетите години од животот“ кој бил фатен на камера во саботата вечер. Кели дополни дека за сега нема докази за инволвираност на пакистанските талибанци во поставувањето на експлозивите. Автомобилот бомба беше пронајден во саботата вечер. Од возилото излегувало чад, но експлозивите не детонирале.
XS
SM
MD
LG