Достапни линкови

ФИФА понуди компромис за иранската женска репрезентација


Меѓународната Федерација на фудбалски асоцијации, попозната како ФИФА, денеска соопшти дека ќе им дозволи на девојките од Иран да се натпреваруваат на младинските олимписки игри, под услов марамите да ги заменат со капи кои ќе им ги покриваат само косите. Компромисот следи откако ФИФА претходно му забрани на иранскиот тим да се напреварува поради тоа што фудбалерките носеле традиционални марами. Светската организација го забрани забулувањето на терен во 2007 година поради безбедносни причини и со цел да се избегне религиозното декларирање за време на спортските натпревари. Иранскиот тим ќе се натреварува на турнир со уште шест женски тимови од 12 до 25 август во Сингапур.
XS
SM
MD
LG