Достапни линкови

logo-print

Опасност од тероризам во Македонија?


Во посета на Македонија е шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман, кој на почетокот на годинава го предупреди македонскиот премиер Груевски дека Балканот е следната дестинација на која Исламскииот Џихад се обидува да се етаблира. Според експертите, Македонија е под постојана опасност од тероризам.

Геостратешката положбата на Македонија, дава персективи за дејстување на терористичките организации, на кои стратешки места не им се само земјите од Балканот, туку и земјите од Европската унија, вели професорот Стефан Буџаковски. Земјата е под постојана опасност од тероризам и затоа е потребно навремено спротиставување, посочува тој.
На нашите простори дејствуваат одредени сегменти на одредени терористички организации. Тоа повеќе пати сме го потврдиле и треба да очекуваме дека Балканот, односно Република Македонија ќе биде постојано под опсаност дека можат да се случат
такви акции.


„На нашите простори дејствуваат одредени сегменти на одредени терористички организации. Тоа повеќе пати сме го потврдиле и треба да очекуваме дека Балканот, односно Република Македонија ќе биде постојано под опсаност дека можат да се случат такви акции.“
Запленето оружје

По акцијата кај Блаце кога беше запленето поголемо количество оружје, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска изјави дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна и дека безбедносните сила ја контролираат целата територија на државата.

Деновиве во посета на Македониај присуствува делегација од Израел, предводена од нивниот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман. Либерман на почетокот на годинава ги предупреди македонските власти дека Балканот е следната дестинација на која Исламскиот Џихад се обидува да се етаблира и да формира инфраструктура. Шефот на Израелската дипломатија го предупредил премиерот Груевски да не им дозволи на милитантите да фатат корени на Балканот. Професор Буџаковски вели дека треба да се доформира службата која работи на борба против тероризмот.
Република Македонија треба да го доформира тој разузнавачко безбедносен систем, односно негово интегрирање во една служба


„Република Македонија треба да го доформира тој разузнавачко безбедносен систем, односно негово интегрирање во една служба која што ќе дава гаранции во прибирањето навремени сознанија, кои ќе значат поставување, односно спротиставување на тероризмот. Кај тероризмот превенција нема, само навремени податоци и навремено делување.“

Либерман, придружуван од делегација од Министерството за надворешни работи на Израел и група израелски бизнисмени, веќе имаше средба со неговиот македонски колега, Антонио Милошески, предвидено е попладнево изрелската делегација да се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски. На средбите се очекува посебен акцент да се стави на зајакнување на соработката во делот на економијата и туризмот. Македонија и Израел досега соработувале во полето на туризмот, земјоделието, а имаат и традиционална воена соработка, пред се, во набавка на воена опрема.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG