Достапни линкови

Предатори на печатот: Ахмадинеџад, Путин, Кадиров


Организацијата Репортери без граници објави список на, како што се наведува, непријатели на медиумите како одбележување на денешниот Ден на слободата на печатот. Во списокот, меѓу другите, се најдоа: кинескиот претседател Ху Џинтао, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и рускиот премиер Владимир Путин, како и прорускиот претседател на Чеченија Рамзан Кадиров и лидерот на талибанците во Авганистан Мула Омар. Во образложението се наведува дека овие предатори на слободата на медиумите имале моќ да цензурираат, да затвораат, да киднапираат, па дури и да убиваат новинари.
XS
SM
MD
LG