Достапни линкови

Конференција за нуклеарното вооружување


Претставници од 189 земји се очекува денеска во Њујорк да учествуваат на отворањето на конференцијата на Обединетите нации на која треба да се направи преглед на 40 годишниот Договор за неширење на нуклеарното вооружување. Ваква конференција се одржува на секои пет години. На годинашната се очекува да учествува и претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад кој вчера го критикуваше договорот поради тоа што не им дозволува на земјите да развиваат нуклеарни бомби. Тој најави дека ќе предложи извесни измени на Договорот.
XS
SM
MD
LG