Достапни линкови

Смена на командата во Штабот на НАТО во Скопје


Досегашниот командант на Штабот на НАТО во Скопје комодорот Валентин Гагашев од бугарската морнарица, денеска ќе му ја предаде функцијата на бригадниот генерал Давид Хумар, од словенечката армија. На церемонијата, меѓу другите, ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски и командантот на Здружената сојузничка команда на НАТО од Неапол, адмирал Марк Фитцџералд.
XS
SM
MD
LG