Достапни линкови

Израелскиот вицепремиер во Македонија


Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Израел, Авигдор Либерман ќе престојува во прва официјална посета на Македонија. Во рамките на дводневниот престој, покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, Либерман ќе биде примен и од шефот на државата, Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски. Тема на средбите, како што се најавува, ќе биде разгледувањето на можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји, особено на полето на економијата и на туризмот.
XS
SM
MD
LG