Достапни линкови

Нема докази за автентичноста на снимката на Талибанците


Нема докази дека е автентична снимката со изјавата на пакистанските Талибанци кои ја преземаат одговорноста за неуспешниот бомбашки напад кој се случи во саботата во центарот на Њујорк, соопшти њујоршката полиција. Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста преку соопштение што го објавија на еден исламистички сајт, а е објавено и на Јутјуб. Тие наведуваат дека нападот го организирале во знак на одмазда против американските напади со беспилотни летала во Пакистан и неодамнешните убиства на двајца лидери на терористичката мрежа Ал Каеда во Ирак.
XS
SM
MD
LG