Достапни линкови

Германија до петок ќе ги обезбеди парите за Грција ?


Има шанси до петок Германија да ги обезбеди парите за помош на Грција, изјави денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шаубле. Предвидено е Германија, земја со најсилна економија во еврозоната, да обезбеди најголем дел од паричната помош за грчката економија која е потресена од долгови. Останатите сретства би требало да бидат обезбедени од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Пакетот помош беше договорен претпладнево, но за сега не е јасно колку точно пари ќе добие Грција во рок од три години. Според се уште неофицијални проценки, во грчката народна каса би имало најмалку 110 милијарди евра тригодишен прилив европски пари. На владата во Берлин и е потребно одобрение од парламентот пред да ги испрати парите. Грчките власти, за возврат, се обврзаа да спроведат рестриктивни економски политики. Европската централна банка денеска дополнително препорача Грција да биде подготвена да „крати повеќе трошоци“ доколку има потреба за тоа.
XS
SM
MD
LG