Достапни линкови

Нови докази во истрагата за автомобилот - бомба во Њујорк


Американскиот секретар за безбедност Џенет Наполитано денеска изјави дека се земени отисоци од прсти од автомобилот бомба пронајден во центарот на Њујорк на Тајмс Сквер. Експлозивната направа во возилото не детонирала а полициските сили успеале да ја расклопат. Сега имаме собрано многу докази со цел детално да се истражи овој, како што го нарече градоначалникот, потенцијално смртоносен инцидент, рече Наполитано во изјава за американската телевизија „Си – Ен – Ен“. Гувернерот на сојузната држава Њујорк претходно изјави дека инцидентот е „акт на тероризам“.
XS
SM
MD
LG