Достапни линкови

logo-print

Израелско - турски разговори


Израелски и турски дипломати денеска одржаа „позитивни и пријателски“ разговори во услови кога односите меѓу двете земји се влошуваат. Израелското министерство за надворешни работи соопшти дека генералниот секретар на државната институција Јоси Гал се сретнал со турскиот заменик секретар за надворешни работи Феридун Синирилоглу. Двајцата разговарале за повеќе билатерални и регионални прашања и за мировниот процес, се наведува во соопштението. Двете страни закажале нова рунда разговори во Анкара во ноември годинава. Односите меѓу Израел и Турција се влошија откако израелците отпочнаа воена офанзива во Газа во декември 2008 година.
XS
SM
MD
LG