Достапни линкови

Меркел ја презентира Грција како пример


Воведувањето на рестриктивни мерки во грчката економија, што беше предуслов за одобрување пакет европска помош за спас на Грција од задолженост, ќе им биде репер на другите земји членки на еврозоната како да не ги снајде слична судбина, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел. Таа се осврна на економските состојби во Шпанија, Португалија и Ирска и дополни дека „на Грција воопшто не и е лесно што морала да го избере патот до Меѓународниот монетарен фонд“. Пакет помош од до сега невидени парични износи и беше одобрен на Грција со цел да се избегне бакрот, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу, додавајки дека „земјата ќе мора да направи големи жртви за возврат“.
XS
SM
MD
LG