Достапни линкови

Протести во Албанија


Протестите на албанската опозиција, кои почнаа во петокот, продолжуваат и денеска, исто како и штрајкот со глад на социјалистичките пратеници. Кон протестот се приклучиле и околу 200 граѓани, јавуваат новинските агенции. На демонстрантите од синоќа им се приклучи и лидерот на партијата Г99 Ерион Велиај. Протестите се во знак на незадоволство од резултатите од ланските избори. Насобраните поставија шатори на плоштадот Народни херои пред владата во Тирана. Заедно со граѓаните и штрајкувачите е и лидерот на социјалисте Еди Рама.
XS
SM
MD
LG