Достапни линкови

Кражби во Техеран


Девет бронзени статуи биле украдени во Техеран, главниот град на Иран во изминативе неколку недели. Новинската агенција „Фарс“ јави дека властите забраниле поставување на нови споменици се додека не се разрешат кражбите. Една од украдените статуи била на познат поет, додека останатите биле статуи на херои на уметници, мислители и херои од времето на револуцијата во Иран во 1906 година. Локалните власти во Техеран се сомневаат дека статуите се крадат за да се препродаваат како старо железо.
XS
SM
MD
LG