Достапни линкови

Ахмадинеџад ја критикува Меѓународната агенција за атомска енергија


Меѓународната агенција за атомска енергија не успеа во ниту една мисија во изминативе 40 години, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пред официјалната посета на Њујорк, каде ќе учествува на конференцијата за ревизија на договорот за спречување на размножувањето на нуклеарното оружје. Претседателот дополни дека агенцијата на Обединетите нации до сега не успеала да го спречи размножувањето на нуклерниот арсенал и додаде дека на ниту една земја не и било дозволено да ја експлоатира нуклеарната енергија за развој не технологија за производство на гориво. Инаку, САД во изминатиов период лобира за построги санкции за Иран, поради нуклеарната програма на исламската република, за која се верува дека може да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG