Достапни линкови

Две бомби експлодираа во Ирак


Еден загина а осумдесетмина се повредени во експлозија на две бомби во градот Хамданија во Ирак. Цел на нападите била малцинска група христијански верници, соопштија локалните власти. Двете бомби биле детонирани во близина на автобуси кои превезувале ученици. Сите патници биле христијански верници и биле на пат кон универзитетот во Мосул, оддалечен на четириесетина километри од Хамданија, соопштија локланите власти. Меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“ неодамна предупреди дека малцинските групи, вклучувајки ги и христијаните, се честа цел на терористички напади во северниот дел на Ирак.
XS
SM
MD
LG