Достапни линкови

Корупциски скандал во Киргистан


Привремената влада на Киргистан денеска соопшти дека покрената е истражна постапка за корупција при снабдувањето гориво за воена база на Соединетите американски држави во земјата. Вчера од канцеларијата на киргистанскиот јавен обвинител соопштија дека покрената е истражна постапка за работата на фирмите на синот на екс – претседателот Курманбек Бакиев. Компаниите наводно ја снабдувале базата со гориво увезено од Русија под олеснети царински услови. Во денешното соопштение на привремената влада се наведува дека со истрагата треба да се утврди штетата која ја претрпела државата од 2005 година до денес. Во тој период 1,8 милиони тони гориво биле испорачани до американската база во Манас, наводно без да бидат подмирени трошоците за увоз кон државата.
XS
SM
MD
LG