Достапни линкови

logo-print

Автомобилот бомба во Њујорк е акт на тероризам ?


Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг потврди дека во сомнителното возило паркирано на Тајмс Сквер биле пронајдени експлозиви. Надлежните интервенирале откако еден полицаец забележал дека чад излегува од колата. Избегнат е многу смртоносен настан, изјави денеска градоначалникот Блумберг. Гувернерот на сојузната држава Њујорк рече дека инцидентот е „акт на тероризам“, додавајки дека властите ќе се трудат да ги најдат виновниците.
XS
SM
MD
LG