Достапни линкови

Иранскиот претседател отпатува за Њујорк


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска замина од Техеран за Њујорк, на конференцијата за ревизија на договорот за спречување на размножувањето на нуклеарното оружје. Претседателот ќе учествува на конференцијата и ќе ги брани правата на иранскиот народ, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Рамин Мехманпараст во изјава за иранската државна телевизија. Тој додаде дека Ахмадинеџад „искрено ќе ги информира присутните на конференцијата за иранските ставови за нуклеарни прашања“. Инаку, исламската република се соочува со притисок од меѓународната заедница за нуклеарната програма на официјален Техеран. Додека од иранската влада тврдат дека нивната програма не е наменета за производство на оружје, земји членки на Обединетите нации стравуваат дека програмата има потенцијали за да произведе нуклеарен арсенал. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера изјави дека иранскиот лидер „нема да биде топло пречекан ако целта на неговата посета е да ја разјаснува нуклеарната програма“.
XS
SM
MD
LG