Достапни линкови

logo-print

Грција се договори со ЕУ и ММФ


Премиерот на Грција Јоргос Папандреу потврди дека неговата земја постигнала договор со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за пакетот помош за намалување на задолженоста. Според неофицијални проценки, во рок од 3 години Грција ќе добие 120 милијарди евра европски пари со цел да ја намали задолженоста. Предуслов за помошта беше воведување на рестриктивна фискална политика, што предизвика протести во Атина и Солун. Вчера илјадници грци протестираа против владините рестрикции.
XS
SM
MD
LG