Достапни линкови

Нафта ќе го загади американското крајбрежје


Крајбрежната стража на САД испрати предупредување дека нафтата која истече од платформата во Мексиканскиот Залив може да се прошири од крајбрежјето на Луизиана кон крајбрежјата на Мисисипи, Алабама и Флорида. Нафтата евентуално ќе стигне на бреговите и ќе предизвика големи проблеми, изјави командантот на крајбрежната стража на САД Тeд Ален. Во меѓувреме, гувернерот на Луизијана изјави дека еколошката катастрофа сериозно влијае врз животите на жителите на сојузната држава. Нафтата се рашири на американското крајбрежје по експлозија на нафтена платформа во Мексиканскиот залив вчера. Околу 5.000 буриња нафта се истурија во водите на заливот. Американските власти упатија остри критики до сопственикот на платформата, компанијата „Бритиш Петролеум“.
XS
SM
MD
LG