Достапни линкови

Денеска ќе се знаат деталите за пакетот европска помош за Грција


Грчката влада денеска треба да соопшти дека е постигнат договор со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за пакетот помош за спас на грчката економија. Деталите за помошта од европските земји би требало да ги презентира премиерот Јоргос Папандреу на седница на владата. Пакетот помош, кој според одредени проценки е тежок 120 милијарди евра, е наменет за намалување на грчката задолженост. Грчкиот долг ја растресе целата еврозона, придонесувајки кон падот на еврото. Вчера илјадници грци протестираа во Солун и Атина во знак на незадоволство од новите владини рестрикции на трошењето од државната каса, кои беа предуслов за добивање на европската помош.
XS
SM
MD
LG