Достапни линкови

logo-print

Пронајден автомобил бомба во Њујорк


Њујоршката полиција соопшти дека пронајден е автомобил бомба во центарот на градот, во близина на плоштадот Тајмс Сквер. Тим од експерти ја деактивирале експлозивната направа, откако еден полицаец приметил чад во возилото. Портпаролот на полицијата во Њујорк Пол Брауни рече дека за сега не се знае кој го паркирал автомобилот бомба во центарот на градот и не е јасно дали станува збор за обид за терористички напад.
XS
SM
MD
LG