Достапни линкови

Обвиненија против синот на Курманбек Бакиев


Максим Бакиев, синот на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев, е обвинет за инволвираност во корупциски скандал во врска со достава на нафта до воена база на САД во земјата. Киргистански компании во сопственост на синот на екс претседателот купувале нафта од Русија, ја увезувале во Киргистан под олеснети царински услови и ја доставувале до американската воена база, соопштија денеска од канцеларијата на јавниот обвинител. Повеќе истражни постапки се иницирани за владеењето на Курманбек Бакиев по неговото отстапување од функцијата за време на минатомесечните немири.
XS
SM
MD
LG