Достапни линкови

logo-print

Обама утре ќе го посети Мексиканскиот Залив


Истекувањето на нафта во Мексиканскиот Залив во крајна линија е вина на „Бритиш Петролеум“, рече денеска американскиот претседател Барак Обама, најавувајки ја својата посета во регионот во недела. Американските власти и понатаму ја критикуваат британската компанија за начинот на кој се справува со катастрофата, предизвикана од околу 5.000 буриња нафта кои се излеваат во водите на заливот. За сега не е јасно што ја предизвикало експлозијата на нафтената платформа од каде истече нафтата. Вонредна состојба е прогласена во соединетите држави Мисисипи, Флорида и Алабама.
XS
SM
MD
LG