Достапни линкови

Тирана: Власта слави, опозицијата протестира


Лидерот на Социјалистичката партија во Албанија Еди Рама изјави дека опозицијата е детерминирана да пружа отпор се` додека „власта не ги отвори гласачките кутии од минатогодишните избори“. Премиерот Сали Бериша, од друга страна, за време на прослава изјави дека земјата се наоѓа пред големи историски одлуки по одржаните слободни избори на 28 јуни 2009 година. Инаку, од вчеравечер во Тирана се одржуваат протести во знак на незадоволство од ланските изборни резултати. Околу 200 илјади лица им се придружиле на опозициските пратеници. Дваесет и двајца пратеници на социјалистичката партија штрајкуваат со глад. Околу 11 часот претпладнево е регистриран и првиот инцидент кога демонстрантите се обиделе да преминат полициски кодрон, фрлајки тврди предмети по полицајците. Неколкумина демонстранти се повредени. Ситуацијата за сега е мирна.
XS
SM
MD
LG