Достапни линкови

Путин предлага спојување на „Газпром“ со „Нафтогаз“


Рускиот премиер Владимир Путин предложи спојување на руската државна фирма „Газпром“ со украинската компанија за гас „Нафтогаз“. Путин го обелодени предлогот по разговорите со неговиот украински колега Микола Азанов во Сочи. Путин исто така рече дека Русија е подготвена да понуди заем во висина од 500 милиони американски долари за Украина. Денешната средба на двајцата лидери е најновиот обид за подобрување на односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG