Достапни линкови

Годишен состанок на Азиската развојна банка


Азиската развојна банка денеска го почна годишниот состанок во Ташкет, главниот град на Узбекистан. Се очекува дека 3.000 учесници ќе присуствуваат на четиридневниот настан. Поканети се шефови на држави, гувернери на централни банки и министри за финансии од 67 земји членки на банката. Невладиниот форум на Азиската развојна банка, сочинет од 250 граѓански организации, го бојкотира состанокот поради тоа што узбекистанскиот претседател Ислам Каримов не ги почитувал човековите права.
XS
SM
MD
LG