Достапни линкови

Анти-владини протести и штрајк со глад во Албанија


Албанската опозициона Социјалистичка партија, синоќа во Тирана ги започнаа протестите, кои, како што највуваат, ќе траат се додека не падне актуелната влада на премиерот Сали Бериша или не се обезбеди транспарентност на изборите. На протестот присуствувале околу 200 илјади луѓе. 22-ца социјалистички пратеници почнаа и штрајк со глад, на кои им се придружиле и околу 200 граѓани. Албанската полиција ја подигнала борбената готовност. Инаку за денеска во Тирана е најавен собир и на приврзаниците на владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша. Албанските аналитичари страхуваат од можно заострување на политичките тензии во Албанија, а не исклучуваат и евентуални инциденти.
XS
SM
MD
LG