Достапни линкови

logo-print

Престои тежок период за Кандахар, изјави генерал Питреус


Американскиот генерал Дејвид Питреус, кој е надлежен за војните во Авганистан и во Ирак, оцени дека следува тежок преиод за јужниот авганистански град Кандахар, каде што меѓународните сили ја планираат наредната офанзива. Питреус го посети Кандахар, каде што изјави дека офанзивата во тој регион нема да биде конвенционална и оти на талибанците нема да им биде оставен простор за дејствување, со што авганистанската влада ќе може да работи на подобрување на условите за живот.
XS
SM
MD
LG