Достапни линкови

Неделен печат - „Градежните бизниси на македонските дипломати"


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Со ваков наслов, Глобус ја донесува анализа за „матните зделки“ на македонското Министерство за надворешни работи при купување на објекти за нашите амбасади во странство. Фокус, пак, се занимава со состојбата во македонските медиуми, односно разрешувањето на Горан Гаврилов од функцијата управител на МПМ.

И во последниот број, неделникот Фокус ја продолжува драмолетката, да се изразам со неговиот речник, наречена македонска медиумска каша. Сега пишува дека поради минатонеделното интервју на Горан Гаврилов за овој неделник тој бил разрешен од
Македонска медиумска каша.
функцијата управител на МПМ и дека, како што го цитира неделникот, Владата ги секнала рекламите што на изданијата на ВАЦ им носеле милион ипол евра! Според Гаврилов, Срѓан Керим барал умереност од новинарите за да добиваат тендери од Владата, што Фокус со крупни црвени букви го објавува и на својата насловна. Во најновиот број, Фокус објавува и реакции, покрај другите, и на членот на Советот за радиодифузија Илир Ајдини и на в.д. директорот на Радио Штип, Кирил Манев, на искажаното на Гаврилов во претходното интервју. Огледалото поцрвенува кога Гаврилов ќе застане пред него, коментира Ајдини, а Манев вели дека тој имал болни амбиции да раководи со целокупниот радиодифузен простор во Македонија и дека жонглира со државните органи.

Носечката анализа на Глобус со наслов „Градежните бизниси на македонските дипломати“ се однесува на матните зделки на македонското МНР при обезбедување на објекти за нашите амбасади во странство. Спротивно на правилата што ги носи самото
Градежните бизниси на македонските дипломати.
МНР, пишува Глобус, нашата дипломатија оди по подолгиот пат за купување и реновирање на своите дипломатски претставништва. Како еден од примерите за ова, неделникот го наведува последниот случај со македонската амбасада во Словенија, при што објектот бил купен од словенечкиот фоторепортер и вработен во словенечкото министерство за одбрана, Арне Ходалич за околу 800 илјади евра. Парите му биле експресно исплатени за два месеци, а во зградата биле вложени и многу пари за адаптација. Од друга страна, амбасадата долго стоела празна, додека амбасадорот живеел и работел во изнајмени простории, а за новиот празен објект месечно се плаќале големи пари за комуналии. Глобус наведува дека слабости во процесот на изградба или реновирање на македонските амбасади открил и Државниот завод за ревизија.

Неделникот Форум наоѓа предизвик за анализа во неуспешниот институт „интерпелација“ што кај нас се покажува само како „Декор
Декор на демократијата.
на демократијата“. Сите интерпелации поднесени досега, заклучува неделникот, однапред се осудени на неуспех, па прашува дали има смисла нејзиното поднесување. Форум наведува дека следен на ред да седне на жешкото столче во Собранието е заменик-претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Васко Наумовски, бидејќи ЛДП и Нова демократија поднесоа интерпелација за неговата работа, иако резултатот однапред се знае.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG