Достапни линкови

Ромите се уште на маргините од општеството


Повеќето без основно образование, без вработување, а поради тоа и без основни средства за егзистенција, ваков е животот на Ромите во Македонија. Според упатените, за да се излезе од тој „магичен круг" во кој се наоѓаат Ромите, најважна е нивната едукација.

Без документи, без здравствено осигурување, голем дел од нив неписмени, живот во субстандардни услови и покрај тоа што живеат во урбани средини, Ромите во земјата се уште се на маргините од општеството. Во импровизирани бараки од едвај десетина метри квадратни, без довод на вода и канализација, на само 5 километри од центарот на градот, во Момин Поток живеат десетина семејства Роми. При нашата посета таму се пожалија дека се невработени, неписмени, немаат пари, не можат да се лекуваат, не можат да ги пратат своите деца на училиште.

„Ќе земам 100 денари, да направам нешто за јадење, кога ќе се врати да има што да јаде. Маж ми оди по шишиња.“

„Многу деца немаат што да јадат. Во влага седат, а имаме болни деца.“

Имате образование?
Многу деца немаат што да јадат. Во влага седат, а имаме болни деца.


„Не јас немам ништо, а мажот ми има трето одделение.“

Основното и средното образование во Македонија се задолжителни, но ромското население има најниска стапка на запишување во основно образование и највисока стапка на напуштање на истото. Последните официјални податоци покажуваат дека 30 отсто од Ромите не го завршиле основното образование.

Децата од семејствата што ги посетивме, одат на училиште во Визбегово. Нивната учителка, Оливера Божиновска вели дека учењето не им е приоритетно бидејќи овие деца имаат многу други проблеми во животот.

Образование во супстандардни услови
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00


„Знам и зошто не одат во училишта, одат да собираат железо, одат по рушевини, збираат отпадоци и ги носат по стоваришта за да ги продаваат. Значи ако општеството не неправи нешто, децава ќе мора да работат за да преживеат.“
Тоа се луѓе кои што се претежно неписмени, децата се родени дома, не знаат родителите кога треба да се вакцинираат, немаат документи за да можат да остварат право на здравствена заштита, не се пријавени во заводот за вработување, така што автоматски им е укината и социјалната помош.


Каде се причините за ваквата лоша состојба на Ромите, дали во самата држава или пак кај самите Роми? Претседателката на центарот за социјални иницијативи „Надеж“, Клара Мишева Илиева вели дека нивните проблеми се комплицирани затоа што се провлекуваат со години.

„Тоа се луѓе кои што се претежно неписмени, децата се родени дома, не знаат родителите кога треба да се вакцинираат, немаат документи за да можат да остварат право на здравствена заштита, не се пријавени во заводот за вработување, така што автоматски им е укината и социјалната помош. Така што навлегуваат токму поради таа неписменост, што владее со години меѓу таа популација, неможност да си обезбедат подобар живот.“

Невладината организација „Надеж“ веќе неколку години и помага на дел од ромската популација преку донирање на храна облека, учебници и училиштен прибори и стипендирање на средношколци.

„Облеката што ја добиваме ја даваме на децата, во семејствата. Доколку како причина се појави да немаат чевли па поради тоа да отсуствуваат од училиште, во тој случај имаме можност и да им купиме нови чевли, јакнички, долен веш, да речеме никој не им купува долен веш.“

Иако сме на средина од спроведувањето на декадата на Ромите, условите за живот за дел од нив се уште не им се подобрени и тие остануваат надвор од општеството.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG