Достапни линкови

Грција, ЕУ и ММФ близу до позитивен договор


,,Грција, ЕУ и ММФ се многу блиску до позитивен договор за тригодишен план за заздравување на државните финансии,, изјави денеска во Атина грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину. Според него, планот предвидува реформи кои имаат за цел во иднина да го заштитат банкарскиот систем од секакви напади или евентуални проблеми. Договорот се очекува да биде разгледан в недела на седница на министрите за финансии од еврозоната, посветена на Грција.
XS
SM
MD
LG