Достапни линкови

Хрватскиот парламент за уставни промени


Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови реши да се пристапи кон измени на Уставот на земјата кои треба да придонесат кон завршување на преговорите за членство на земјата во Европската унија. Станува збор за незастарување на кривичните дела во приватизацијата и военото профитерство, како и за воведување на сите националства во преамбулата на Уставот. Парламентот одобри и зголемување на бројот на хрватските војници во Авганистан. До ова дојде за време на денешната посета на Загреб на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
XS
SM
MD
LG