Достапни линкови

logo-print

Ахмети се сретна со претставници на амбасадата на САД


Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со претставници на американската амбасада во Скопје на која станало збор за последниот развој на настаните во земјата и за процесот на изнаоѓање на решение за спорот со името. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, Ахмети оценил дека заедничкото писмо на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО во Скопје за имплементирањето и значењето на Рамковниот договор е на иста линија со политичките и програмските определби на ДУИ и оти меѓународните мисии се партнери за спроведување на овој договор. ,,Сето ова е во полза на главната и приоритетна цел, интеграција на земјата во евроатланските структури,, се наведува во соопштението на ДУИ.
XS
SM
MD
LG