Достапни линкови

Седум лица се уапсени на Косово, кај Качаник, за илегална трговија со оружје, но нема потврда дали се поврзани со откриеното оружје на Блаце, кое случајно или не, доаѓа на ден – два по предупредувањата и изјавите за поделба, конфликт, и напуштање на Охридскиот договор. Според експерти за безбедност, неодговорно е без вештачење да се тврди дека оружјето е ново, а не од 2001.

Косовската полиција потврди дека се уапсени седум лица, но не се знае дали тие се поврзани со вчерашниот настан во Блаце каде беше запленето поголемо количество оружје.
Можам да го потврдам нашиот случај, на нашата страна. Уапсени се седум лица од службите на УНМИК, но за случајот со Блаце не знам и не можам да потврдам дали има ранет таму.


„Можам да го потврдам нашиот случај, на нашата страна. Уапсени се седум лица од службите на УНМИК, но за случајот со Блаце не знам и не можам да потврдам дали има ранет таму“, вели Баки Кељани портпарол на косовската полиција.

Од македонската полиција, пак, само претпоставуваат дека има ранет и дека најверојатно пребегал во Косово, заедно со групата која го чувала оружјето. За оружјето кое беше пронајдено вчера во бункерите близу до границата со Косово, од одделението за недозволена трговија со оружје, изјавија дека не е останато од 2001-ва, односно дека станува збор за ново оружје. Професорот Владимир Пивоваров вели дека прво треба да се направи вештачење за да се каже од кога е оружјето.

Значи, требаше вистински да се потврди. Не е направено вештачење, да се види дали тоа оружје е употребувано, дали не е и не знам од каде е извадена таа изјава дека тоа е ново оружје. Значи, прво требаше да се направи вештачење и дури тогаш да се донесе заклучок дека се работи за такво нешто.
„Значи, требаше вистински да се потврди. Не е направено вештачење, да се види дали тоа оружје е употребувано, дали не е и не знам од каде е извадена таа изјава дека тоа е ново оружје. Значи, прво требаше да се направи вештачење и дури тогаш да се донесе заклучок дека се работи за такво нешто.“

Пивоваров вели дека околу 700 до 800 илјади парчиња оружје останти од албанската армија и оружјето останата од конфликтот од 2001-та се наоѓа во планините, на територија меѓу Косово, Македонија и Албанија

„Службите перманентно мора на овој начин, значи ова е најдобриот начин што се открива ова оружје. Уште многу е останато. А, секое оружје никој не го чува за украс, еден ден да го употреби.“

Хозе Луис Хереро - Амбасадор на ОБСЕ


Од канцеларијата на ОБСЕ во земјата, велат дека како дел од своите редовни активности ги следат случувањата во Блаце, и за се се информирани од страна на МВР. Акцијата во Блаце дојде на еден ден по објавувањето на заедничкото писмо на ОБСЕ, ЕУ, НАТО, САД до македонска страна во кое ги осудија изјавите на политичари кои велат дека Рамковниот договор е мртов, повикаа на политички дијалог и реформи.

Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека случувањата се последица на водење на една лоша политика.

„Ако не се санира состојбата, мислам дека се движиме во лоша насока. Мора да се сфати дека бродот треба да се сврти кон друга насока, не кон Хунзите или некои други. Значи, проблемот со името конечно да се реши.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG