Достапни линкови

Уставните измени блеф на Груевски?


Лидерите не се договорија - фото: од лидерската средба за уставните измени
Лидерите не се договорија - фото: од лидерската средба за уставните измени

Прекинувањето на процедурата на предложените уставни измени од страна на премиерот Никола Груевски според опозицискиот СДСМ е резултат на неговата неискрена желба да бидат спроведени промени во судскиот совет. За ДУИ и за Нова Демократија тоа е знак дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за политички дијалог.

Повлекувањето на предлозите е очекуван потег по фијаското кое го доживеа иницијативата на премиерот, вели Владо Бучковски од СДСМ. Уште од старт, целата процедура беше погрешно водена, бидејќи доколку Груевски имаше добри намери министерот за правда ќе
Па, притисокот на меѓународната заедница беше голем и ова еден блеф на премиерот, за да излезе во пресрет на забелешките што доаѓаат од страна на меѓународната заедница околу директното влијание на министерот во одлучувањето на судскиот совет и воопшто во судството беше изнудена оваа иницијатива. И мислам дека премиерот уште во стартот калкулираше со тоа дека
нема да наиде на целосна поддршка.
беше или во оставка или повлечен од судскиот совет, како знак на добра волја дека нешто ќе биде направено во зајакнување на независноста на судството, вели тој.

„Па, притисокот на меѓународната заедница беше голем и ова еден блеф на премиерот, за да излезе во пресрет на забелешките што доаѓаат од страна на меѓународната заедница околу директното влијание на министерот во одлучувањето на судскиот совет и воопшто во судството беше изнудена оваа иницијатива. И мислам дека премиерот уште во стартот калкулираше со тоа дека нема да наиде на целосна поддршка.“

Ваквиот потег на Груевски покажува дека тој не сака проблемите да бидат решавани преку спогодба, вели Аднан Јашари од ДУИ.

„Тргнувајќи од фактот дека тој има политичка сила во Собранието, сметам дека преку изолирање на волјата на другите политички субјекти може да се решат сите прашања.“

Владата ги повлече предлозите, бидејќи е неподготвена да го слушне мислењето на другите партии, вели Висар Рамадани од Нова Демократија.

„Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ не изразија подготвеност сериозно да ги разгледаат предлозите на Нова Демократија и другите партии. Тоа доволно покажува за нивниот капацитет за политички дијалог и подготвеност да ги слушнат предлозите на опозицијата, односно во случајот на Нова Демократија.“
Тоа доволно покажува за нивниот капацитет за политички дијалог и подготвеност да ги слушнат предлозите на опозицијата, односно во случајот на Нова Демократија.

Груевски, во писмото до лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нoва демократија Имер Селмани, како причини за неговиот потег ја наведе неподготвеноста на лидерите да ги прифатат предлозите, бидејќи ги користеле како простор за презентирање на политички ставови, за подобрување на партиските рејтинзи и за отворање прашања кои задираат во сферата на меѓуетничките односи, а не во интересот на државата.

Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа на интервенција во делот на составот и мандатот на членовите на Судскиот совет, односно нивен член да не биде министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG