Достапни линкови

logo-print

Баросо: при крај договорот за помошта на Грција


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Пекинг изрази увереност во успешното решавање на грчката должничка криза. Грција преговора со Европската унија и со ММФ за финансиска помош од 45 милијарди евра за исплата на долговите кои доспеваат во втората половина на мај. Во меѓувреме, во Грција се зголемува незадоволството поради строгите мерки на владата за надминување на кризата. Синоќа во Атина дошло и до судири меѓу полицијата и демонстрантите. За 5 мај во Грција е најавен генерален штрајк.
XS
SM
MD
LG