Достапни линкови

Огромната нафтена дамка стигна до брегот на САД


Нафтата која неколку денови истекува во Мексиканскиот залив пристигна на бреговите на делтата на реката Мисисипи. Државата Луизијана која се очекува да биде најпогодена прогласи вонредна состојба и побара шест илјади припадници на Националната гарда да помогнат во чистењето. Претседателот Барак Обама вети секаква помош во справувањето со дамката која по површина е голема колку Јамајка. Нафтата истекува од 22 април по експлодирањето и потонувањето на платформата на Бритиш Петролеум на 80 километри од брегот.
XS
SM
MD
LG