Достапни линкови

Во Кина повредени 5 деца, напаѓачот се самозапалил


Пет деца во една градинка во Кина биле повредени кога еден човек ги нападнал со чекан, по што се самозапалил, јавува агенцијата Хсинхуа, наведувајќи дека станува збор за трет напад во градинки и училишта во Кина од средтата и четвртти во овој месец. Напаѓачот бил мртов, додека повредените деца биле префрлени во болница. Вчера во градинка во источна Кина еден маж со нож повредил 28 деца и тројца возрасни, а во сличен напад во средата во едно кинеско училиште биле ранети 16 ученици.
XS
SM
MD
LG