Достапни линкови

logo-print

Папандреу: преговорите за помош од ЕУ при крај


Преговорите меѓу Атина и Европската Унија за давање финансиска помош на Грција треба да завршат во наредните денови изјави синоќа грчкиот премиер Јоргос Папандреу на состанокот со членовите на владејачката партија. Тој навел дека Грција е принудена да води битка за својот опстанок. Европскиот комесар Оли Рен претходно изјави во Брисел дека разговорите се пред завршница и оти до договор би можело да дојде во наредните денови. Во Атина синоќа полицијата со солзавец растури демонстранти пред зградата на министерството за финансии кога тие се обиделе да дојдат до зградата за да протестираат против најавените мерки на штедење.
XS
SM
MD
LG