Достапни линкови

Голема нафтена дамка во мексиканскиот залив


Голема нафтена дамка која се шири низ Мексиканскиот залив се очекува да го достигне брегот во текот на денешниот ден. Се очекува од ова најмногу да биде погодена американската сојузна држава Луизијана, каде што е издадено предупредување за вонредна состојба. Портпаролот на Националната метеоролошка служба Чарлс Хенри изјави дека дамката е на околу пет километри од брегот на Луизијана. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека владата треба да го употреби секој ресурс кој е на располагање вклучително и војската за да учествуваат во чистењето на дамката и очекуваните штети. Официјални претставници ветуваат дека ќе направат се што е во нивна моќ да не биде нарушен речниот сообраќај.
XS
SM
MD
LG