Достапни линкови

САД ги повика арапските земји да придонесат за мир на Блискиот исток


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги повика Арапските држави да понудат поголема поддршка за Палестинците и да го спречат вооружувањето на милитантите кои го поткопуваат блискоисточниот мировен процес. Клинтон повтори дека САД ја обвиниваат Сирија дека трансферира оружје за Хезболах во Либан и додаде дека нејзината земја се обидува да му даде шанса на Иран да ја прекине својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG